Mеридијани

53

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го откажа предизборниот митинг што беше закажан во Њу Хемпшир, поради приближување на бура, се вели во официјалното соопштение. Како што јави Си-ен-ен, митингот ќе биде презакажан во текот на неделава што следува, велат официјалните лица. Трамп, кој бара да биде реизбран во ноември, пред три недели одржа изборен митинг во Тулса, Оклахома, каде што поголемиот дел присутни ги почитуваа препораките за носење маски и држење физичка дистанца.

Париз – Двајца поранешни оперативци на француската разузнавачка служба се осудени на подолги затворски казни откако судот одлучи дека се виновни за шпионирање во корист на Кина. Како што пренесува Ројтерс, тие се прогласени за виновни и за предавство. Францускиот суд, пред кој е водена постапката зад затворени врати, ги осуди двајца поранешните разузнавачи на осум години, односно 12 години затвор.

Берлин – Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека пандемијата на коронавирусот може да се победи само со глобална соработка и укажа на учеството на Германија во меѓународните тела како што е Светската здравствена организација. Канцеларката додаде дека тоа е една од причините поради кои Германија и натаму е активен дел од СЗО, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Ваквата порака на Меркел следува откако САД и официјално го известија генералниот секретар на ОН дека ќе се повлечат од СЗО.

Москва – Десетици илјади демонстранти викендов излегоа на улиците во рускиот град Кабаровск во знак на протест против апсењето на нивниот регионален гувернер под сомнение за убиство. Поддржувачите на Сергеј Фургал се собраа па централниот плоштад „Ленин“, носејќи постери со пароли „Јас сум Сергеј Фургал“ и „Слободен Фургал“, а некои од демонстрантите извикуваа „Срам за Москва“. Слични протести се одржуваа и во неколку други градови од регионот, јавија руските медиуми.