Mаж во Индија силувал девојче во Центар за третман на коронавирус

122

Четиринаесетгодишно девојче е силувано во Центар за третман на коронавирус во Индија, јавува Си-Ен-Ен.

Сторителот бил 19-годишник, а заменик-началникот на полицијата во Њу Делхи, Парвиндер Синг, рече дека двајцата претходно не се познавале.

– Силувањето се случило во изолирана област во Центарот за третман на коронавирус, на сторителот му помогнал 20-годишен пријател во злосторството – рече Синг.

Пријателот на сторителот, наводно, снимил сè.

Осомничениот и жртвата биле двајцата пациенти во Центарот за третман на коронавирус во јужниот дел на Њу Делхи кој има 10.000 легла.