Фото: Принтскрин

Аргентинското Обвинителство побара денеска да биде подигнат обвинителен акт против лекарскиот тим на легендарниот фудбалер Диего Марадона, кој почина во 2020 година, поради убиство од небрежност.

Осумте членови на лекарскиот тим се товарат за „пропусти и непрофесионално постапување“ што Марадона го довело во „беспомошна состојба, во текот на скандалозна и полна со пропусти домашна хоспитализација“.

Аргентинската фудбалска легенда почина на 25 ноември 2020 година, на 60-годишна возраст од срцев удар во Буенос Аирес, додека се рехабилитираше од неврохируршки зафат.

Неврохирургот и лекар Леополд Луке и психијатарот Аугустина Косачов се под истрага, како главни одговорни за грижа за здравјето на Марадона.

Доколку и формално биде подигнат обвинителен акт, на осумчлениот лекарски тим им се заканува казна затвор од осум до 25 години.