Фото: МНР на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Западот и објавил „тотална хибридна војна“ на Русија и дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае.

– Целиот западен свет ни објави тотална хибридна војна и тешко е да се предвиди колку ќе трае сето ова, но јасно е дека последиците ќе ги почувствуваат сите без исклучок – рече Лавров, пренесува „Ројтерс“.

На осумдесет дена од почетокот на конфликтот во Украина, Лавров укажа на санкциите наметнати на Москва и посочи дека напорите на Западот да ја изолира Русија се осудени на неуспех, посочувајќи дека „односите на Русија со Кина, Индија, Алжир и Земјите од Заливот се важни“.

– Направивме се за да избегнеме директен конфликт, но сега, кога е фрлена ракавицата, ние, се разбира, ќе го прифатиме предизвикот – рече Лавров, додавајќи дека санкциите не се нови за Русија, бидејќи „тие беа речиси секогаш таму“, на еден или друг начин“, пренесува британската агенција.