Фото: МНР на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи Западот на најсуров начин да ги игнорира нивните интереси.

-Ако е до Русија – нема да има војна. Меѓутоа, Русија нема да дозволи Западот на најгруб начин да ги игнорира нашите интереси. Преговорите за безбедносните гаранции со САД и НАТО не се завршени – рече Лавров, одговарајќи на новинарско прашање.

Зборувајќи за безбедносните гаранции, Лавров рече и дека има одредени „рационални точки“ во одговорот на САД и НАТО.

-Не можам да кажам дека преговорите се завршени. Како што знаете, Американците и лидерите на НАТО веќе еден месец разговараат за прилично едноставните предлози што ги дадовме во однос на безбедносните гаранции. Нивните одговори ги добивме дури завчера, и како во нивни стил, тие одговори се многу комплицирани, иако има одредени рационални точки – рече тој.