Владимир Путин / Фото: Кремљ

Рускиот министер за надвореѓни работи, Сергеј Лавров, денеска ги демантираше шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин е болен, па дури и мртов, а тоа се крие со двојник, како што соопштија британските разузнавачи. Лавров, во интервју за француската државна телевизија, изјави дека Путин секојдневно се појавува во јавноста и дека „никој со здрав ум“ не може да забележи знаци на болест.

Анкета: Речиси 80 отсто од руските граѓани имаат доверба во Путин

-Мислам дека разумните луѓе не можат да видат знаци на болест или неволја кај оваа личност. Оставам на совеста на оние кои шират такви гласини и покрај секојдневните можности да видат кој и како изгледа – рече Лавров во интервјуто за француската телевизија.

Тој додаде дека рускиот лидер секојдневно се појавува во јавноста, дека може да се види на екраните и да се читаат и слушаат неговите говори.