Фото: Влада на Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска го обвини НАТО дека „буквално ништо не прави“ за спречување на руската инвазија, истовремено пофалувајќи ја ЕУ за нејзините „револуционерни“ одлуки да го поддржи Киев.

– НАТО како сојуз, како институција е целосно настрана и не прави буквално ништо. Жал ми е што го кажувам тоа – истакна Кулеба на Светскиот економски форум во Давос.

Тој го пофали Брисел за неговите „револуционерни одлуки, кои дури и тие самите не очекуваа да ги направат“.