Фото: Дарко Андоновски

Најавената Конференција за Западен Балкан на француското претседателство ќе се одржи на 23 јуни со лидерите од регионот и од ЕУ, јавува МИА од Брисел.

Француското претседателство од самиот почеток најавуваше дека ќе организира посебен настан со шесте земји од регионот. Денеска Европскиот Совет потврди дека оваа конференција ќе се одржи на 23 јуни непосредно пред редовниот јунски ЕУ лидерски самит.

Лидерите од шесте земји ќе бидат поканети на 23 јуни наутро да учествуваат на овој заеднички настан со лидерите на ЕУ, кои подоцна истиот ден ќе го отпочнат редовниот јунски самит.

Во овој момент не е извесно дали сите лидери на Европската Унија ќе бидат присутни на состанокот со нивните колеги од Западен Балкан.