Фото: Принт-скрин

Командантот на украинскиот полк Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците.

– Цивилите се евакуирани, а на тешко ранетите им беше укажана потребната помош, па беа евакуирани, за подоцна да бидат разменети и да пристигнат на територијата што ја контролира Украина – објасни украинскиот командант.

Прокопенко рече дека процесот на извлекување на телата на борците кои загинаа бранејќи го „Азовстал“ сè уште е во тек и дека се надева дека „во блиска иднина роднините на жртвите и државата Украина ќе можат чесно да ги погребаат своите војници“.

– Постојано нагласувавме дека за нас најважни се цивилите, ранетите и мртвите – рече Прокопенко во видеото што го сподели полкот Азов на сервисот за пораки Телеграм.