Потрошувачите во Европската Унија и земјите надвор од неа се соочуваат со дополнителни скокови на цените на гасот оваа зима, бидејќи протокот на овој енергент од Русија на главните транзитни маршрути е премал и премногу доцни. Новиот гасовод „Северен тек 2“, кој минува од Русија во Европа, би можел да го ублажи тензичниот пазар. Но тој се соочи со повеќе одложувања бидејќи германската сертификација беше суспендирана, поради противењето на целиот проект од некои европски земји.