Фото: МИА

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска најави дека ќе се заостри полицискиот час во главниот град на Украина.

Според него, прекршителите ќе се сметаат за „непријатели“.

-Сите цивили на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантско-извидувачки групи. Ве молиме третирајте ја ситуацијата со разбирање и не излегувајте надвор-рекол Кличко.

Полицискиот час ќе трае од 17.00 до 08 часот следниот ден. Мерката стапува на сила од денеска.
Полициски час беше воведен пред два дена.