Фото: Принтскрин

На денешната геополитика ѝ недостига „никсонска флексибилност“ за да се деактивираат конфликтите помеѓу САД и Кина, како и помеѓу Русија и остатокот од Европа, смета поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер (99), чии размислувања ги пренесува „Блумберг“.

Предупредувајќи дека Кина не треба да стане глобален хегемон, поранешниот дипломат кој помогна за повторно воспоставување на односите помеѓу Вашингтон и Пекинг во 70-те години на минатиот век, вели дека американскиот претседател Џо Бајден треба да биде претпазлив при допуштањето на домашната политика да се меша во прашањето за „важноста од разбирањето на постојаноста на Кина“.

– Бајден и претходните администрации во преголема мера беа под влијание на домашните аспекти од ставот за Кина. Секако, важно е да се спречи хегемонијата на Кина или на која било друга држава – истакна Кисинџер.

Но, тој додава дека таквата цел не може да се постигне преку бескрајни конфронтации. Кисинџер претходно истакна дека зголеменото соперништво помеѓу САД и Кина ризикува глобална катастрофа што би можела да се спореди со Првата светска војна.

Кисинџер се осврна и на учинокот на европските лидери од францускиот претседател Емануел Макрон, па до германскиот секретар Олаф Шолц. Тој вели оти е разочаран бидејќи „европското водство нема чувство на насока и на мисија“, кои претходните лидери како што се Конрад Аденауер и Шарл Де Гол го имал.