Владејачката партија на Северна Кореја моментно решава за приоритетите за идната година и како да одговори на поканата на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за враќање кон преговорите за нуклеарно разоружување, по двегодишниот прекин, објавува „Блумберг“.

Северонокорејскиот лидер Ким Јонг-ун присуствуваше на воведната сесија на состанокот на централниот комитет на Работничката партија, како што соопшти Корејската централна информативна агенција. Ким и неговите водечки кадри планирале да дискутираат и да одлучуваат за „стратешки и тактички политики“, според известувањето.

Не е познато колку ќе траат состаноците, со што претходните такви средби се одвиваа и во текот на четири дена. Се претпоставува дека Ким Јонг-ун и годинава нема да го одржи традиционалното новогодишно обраќање, како што беше случај и во претходните две години, туку дека ќе ги соопшти неговите ставови на партиските членови.

Ким засега не покажа интерес за враќање на преговорите со САД за нуклеарното оружје кои беа обновени, а потоа и прекинати во мандатот на претходниот американски претседател Доналд Трамп.

Администрацијата на Бајден му порача на Ким дека „вратата е отворена за разговори“, индицирајќи дека САД можат да понудат стимуланси за погодената од санкции севернокорејска економија, во замена за конкретни чекори за намалување на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја.