Казахстанските власти го приведоа Карим Масимов, поранешен шеф на Комитетот за национална безбедност под сомнение за предавство, соопшти во саботата Комитетот за национална безбедност.

Десетици се убиени, а јавни згради се ограбени и запалени во најголемото насилство во поранешната советска република во последните 30 години независност.

По неколкудневно насилство, безбедносните сили се чини дека вчера ја презедоа контролата врз улиците на најголемите градови во Казахстан.

Претседателот Касим-Жомарт Токаев, поддржан од Русија, рече дека им наредил на безбедносните сили да пукаат и убиваат, за да го задушат бунтот во земјата.

На покана на Токаев, воениот сојуз предводен од Русија распореди сили во време на високи тензии во односите Исток-Запад.

Русија и САД се подготвуваат за разговори за украинската криза следната недела.

Масимов важи за близок соработник на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев. Тој двапати беше премиер, а беше и шеф на претседателската администрација под Назарбаев.

Назарбаев (81) беше владетел со најдолг стаж на поранешна советска држава, додека Токаев не стана претседател во 2019 година.