Околу 24.000 луѓе се евакуирани, а две деца загинаа во поплавите на индонезискиот остров Суматра, соопштија денеска властите, а еколошките активисти го обвинуваат уништувањето на шумите за влошување на катастрофата.

Обилните дождови го поплавуваат островот со денови, предизвикувајќи надојување на реките и поплавување и зголемување на нивото на водата во населените места, соопшти Националната агенција за катастрофи.

– Најмалку пет до осум пати годишно доживуваме поплави, но ова е една од најтешките – изјави Музакир од градот Пирак Тимур во тешко погодената провинција Аче.

Невладината организација за заштита на животната средина соопшти дека поплавите се влошени со уништувањето на шумите за да се отвори патот за експанзивните плантажи со палмово масло во Суматра.

Дрвјата служат како природна одбрана од поплави, бидејќи ја намалуваат брзината со која водата тече низ ридовите и решите.

Соседна Малезија, исто така, е тешко погодена од поплави од минатиот месец, а илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Поплавите и одроните се вообичаени во двете земји во Југоисточна Азија за време на повеќемесечната сезона на дождови.