Јапонија и Австралија денеска потпишаа договор за соработка во одбраната, како последен чекор во зајакнувањето на меѓусебната безбедност поради зголемувањето на воената и економската моќ на Кина, пренесе Ројтерс.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида и неговиот австралиски колега Скот Морисон на денешниот виртуелен самит се согласија дека двете земји треба да ја зајакнат соработката во области како што се сајбер, вселената и економската безбедност, изјави јапонски претставник.

Потпишаниот Договор за меѓусебен пристап (РАА), на кој двете земји работат неколку години, им овозможува на австралиските и јапонските армии да соработуваат во одбранбените и хуманитарните операции.