Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан има убедлива предност пред обединетата опозиција, покажуваат првичните резултати од парламентарните избори одржани денеска во Унгарија, пренесува МИА.

Резултати од 57,64 проценти од обработените избирачки места:
Фидес: 55,75 проценти
Обединети за Унгарија: 32,55 отсто
Движење на нашата татковина: 6,50 отсто

Состав во Парламентот:
Фидес: 134 пратеници
Обединети за Унгарија: 58 пратеници
Движење на нашата татковина: 7 пратеници

Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија.

На изборите во Унгарија актуелниот премиер Виктор Орбан ќе се обиде да го освои четвртиот последователен мандат.
Кандидат на опозицијата за премиер е Петер Марки-Зај, кој во моментов е градоначалник на Ходмезевашархел, град во јужна Унгарија.

Коалицијата Обединети за Унгарија, која обединува шест опозициски партии со широк политички спектар – од либералите, преку центарот, до десното крило, ги здружи силите за да ја собори десничарската Фидес.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати мисија за набљудување на изборите во Унгарија, вклучувајќи 18 долгорочни набљудувачи и 200 други на денот на изборите.