Фото: Принт-скрин

Иран соопшти дека напорите за заживување на нуклеарниот Договор од 2015 би можелe да успеат доколку САД донесат политичка одлука да ги исполнат преостанатите барања на Техеран, во момент кога преговорите влегуваат во фаза оценета од ирански дипломат како „сега или никогаш“.

Влоговите се високи, бидејќи неуспех на десетомесечните преговори носи ризик од нова регионална војна, заострени санкции на Западот кон Иран и континуиран притисок врз цената на нафтата веќе поскапена поради кризата во Украина.

Саеб Хатибзадех, портпарол на Иранското министерство за надворешни работи, соопшти дека преостанатите прашања се однесуваат на тоа до кој степен ќе бидат повлечени санкциите, гаранциите на САД дека нема да го напуштат Договорот и решавање на прашањата за откриени трагови на ураниум на неколку постари, но непријавени локации во Иран.

Страните вклучени во преговорите велат дека е постигнат напредок што води кон обновување на Договорот за контрола на иранската нуклеарна програма во замена за ублажување на санкциите што САД од 2018 година. Но, и Техеран и Вашингтон со оценка дека се уште има разлики што треба да бидат надминати.

– Можно е да се постигне добар договор – изјави Хатибзадех на неделната прес-конференција, истакнувајќи дека западните сили се уште не донеле одлука по посочените три прашања.

Фрацуското МНР денеска укажа на итноста разговорите да бидат заокружени веќе до крајот на оваа седмица.

Главниот преговарач на Техеран за нуклеарните прашања, Али Багери Кани, вчера оствари средба со Енрике Мора, координаторот на ЕУ во разговорите што се водат во Виена. аб/сд/