фото: Пикселс

Иранската државна телевизија денеска објави дека Техеран успешно лансираше ракета на цврсто гориво, што носи сателит.

Објавата за лансирањето на ракетата се случува еден ден откако Иран и Европска Унија се договорија да продолжат индиректните разговори помеѓу Техеран и Вашингтон за спорниот ирански нуклеарен договор.

Засега не е познато кога е лансирана ракетата.