фото: Пикселс

Индиската армија соопшти дека случајно истрелала проектил кон Пакистан, јавија светските агенции.

Индиското Министерство за одбрана истакна дека изразиле „длабоко жалење“ поради тоа.

– За време на рутинско одржување, технички дефект доведе до случајно истрелување на проектил – соопшти индиското Министерство за одбрана, без да го прецизира типот на проектилот.

Во инцидентот нема жртви.