Илјадници меѓународни и домашни летови се одложени или откажани денеска поради неповолните временски услови и зголемувањето на заразени од омикрон.

Ова доведе и до прекин на патувањето за време на празниците.

Повеќе од 2.400 лета се откажани денеска во светот, вклучително и повеќе од 1.100 лета во САД и вкупно речиси 4.000 глобални доцнења, според информациите од интернет-страницата за следење летови FlightAware, пренесува „Ројтерс“.