Фото: УНХЦР / Архива

Хуманитарните коридори за евакуација на цивили од украинските градови, сè уште не функционираат, информираше денеска украинската вицепремиерка Ирина Вересчук, јавија британски медиуми.
Како што таа нагласи, на околу 300.000 цивили им е потребна евакуација од југоисточниот пристанишен град Мариупол, што е нападнат од руските сили.
Вересчук додаде дека претставници на Обединетите нации се приклучиле во преговорите.