Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Џо Бајден претставуваше пример за воздржаност за време на најсериозната глобална криза во последните речиси 60 години. Тој пружи ѝ помош на Украина, одржувајќи го заедништвото во НАТО наспроти можноста за руски напад против Алијансата. Тој ги одби апелите за високоризични ескалирачки потези, како што се воведување на зоната на забранети летови, истовремно нанесувајќи и штета на руската економија со што јасно го истакна незадоволството на САД од војната во Украина, пишува Том Николс за „Атлантик“.

– Но Бајден ја прекина неговата дисциплина при јавните настапи за време на говор во Полска, кој имаше непланирана завршница со пораката „побогу, овој човек не смее да остане на власт“, мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин. Изјавата не беше снимена од камерите, но американските медиуми ја протолкуваа како нова политика или цел на НАТО, поради што се прашуваа дали американскиот претседател повикува на промена на власта во Москва – наведува американскиот магазин.

Администрацијата на Бајден посочи дека претседателот кажал оти на Путин „не смее да му се дозволи да покажува моќ врз соседите или регионот“, односно дека претседателот не дискутирал за власта на Путин во Русија, ниту за промена на режимот.

Џим Хајмс од Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом во САД, во изјава за „Си-ен-ен“ истакна дека постои нова политика за промена на режимот, ниту пак има јавни или тајни проглами со таква цел во Русија. Но известувањето на медиумите на таа тема веќе беше во полн замав, при што „Си-ен-ен“, меѓу другите, го цитираше Бајден, барајќи соговорници што би ја протолкувале неговата изјава.

Бајден во претходните обраќања го нарекуваше Путин силеџија, касап и воен злосторник, но сосема различно е користењето на формулации кои би можеле да бидат погрешно протолкувани од американската јавност и Кремљ како сугестија оти САД се заинтересирани за промена на власта во Русија, заклучува авторот, особено поради лошиот тајминг на изреченото во екот на војната во Украина.