Најбогатите седум земји во светот ќе се обидат со сумата од 600 милијарди долари да и парираат на Кина, поточно на проектот „Појас и пат“, кинеската иницијатива за градење инфраструктурни проекти во сиромашните земји во третиот свет, Африка, Азија и Источна Европа.
Американскиот претседател Џо Бајден на самитот на Г7 потврди дека 200 милијарди ќе обезбеди САД, додека остатокот ќе го покријат другите земји во иницијативата.
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави дека нивно е да му дадат позитивен, моќен инвестициски импулс на светот, да им покажат на нивните партнери во земјите во развој дека имаат избор.