Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус и имаат благи симптоми.
Ердоган наведе дека е заразен со oмикрон-варијантата на вирусот.

-Денеска добив позитивни резултати од тестот за ковид-19, што јас и мојата сопруга го направивме по благи симптоми. Ќе продолжиме да работиме од дома – напиша Ердоган на „Твитер“.