Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска имал опсежен разговор со холандскиот премиер Марк Руте за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, јави Анадолија.

По петочната молитва во Истанбул, Ердоган најави дека утре ќе разговара и со претставници од Велика Британија и Финска, како и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Двете нордиски земји во средата формално поднесоа барање за влез во НАТО, одлука поттикната од руската војна против Украина. Турција се спротивстави на кандидатурите на Финска и Шведска за членство, критикувајќи ги двете земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички групи како Курдската работничка партија и т.н.ФЕТО.

– Повеќето земји-членки на ЕУ во моментов дозволуваат ПКК/ЈПГ да одржуваат говори во нивните парламенти, додека некои ги снабдуваат со оружје и муниција. Не можеме да кажеме „да“ за влезот на овие терористички организации во НАТО, која е безбедносна организација, истакна Ердоган.

Тој рече дека терористичките организации организираат различни маршеви во Германија, Шведска, Финска, Холандија и Франција