Цистерна со гориво експлодира во предградие на главниот град на Сиера Леоне, Фритаун. Експлозијата однесе најмалку 84 животи.

Експлозијата се случила вчера откако цистерната се судрила со камион.

– Експлозијата која уследи по судирот на цистерната со камионот ги однесе животите на голем број луѓе кои побрзаа да го наполнат горивото што течеше од испуканиот резервоар – напиша градоначалникот на својот Фејсбук профил.

Мохамед Ламран Бах, директор за комуникации на Националната агенција за управување со катастрофи на Сиера Леоне, за Си-Ен-Ен изјави дека неколку луѓе се во критична состојба по експлозијата.

Властите ги префрлиле повредените во болница.