Италијанските власти евакуираа 4.000 луѓе од центарот на северниот град Болцано поради деактивирање на авионска бомба од Втората светска војна.

Бомбата е деактивирана утрово за време на тричасовна операција, по што повторно е отворен центарот на градот, како и автопатот и железничката линија што ја поврзува Италија со Австрија и Германија.

Во Втората светска војна градот Болцано претрпел 13 бомбардирања, при што загинале 200 луѓе, а 60 отсто од градот бил оштетен.