Eвропа тешко го контролира ширењето на ковид-19

71

Кога Европската Унија (ЕУ) на 1 јули повторно ги отвори границите за држави надвор од блокот, САД се најдоа на листата на држави за забранет влез. Поради неуспехот да го контролираат ширењето на новиот коронавирус, САД не ги исполнија критериумите што важеа во членките на блокот, кои исто така ги спречија патниците од Русија и од Бразил, меѓу другите земји, да влезат во ЕУ. Европската комисија им препорача на членките да не ги повлекуваат рестрикциите за „држави чија состојба е полоша од онаа во ЕУ“, критериум што САД во моментов го исполнуваат.

Како што покажува инфографикот базиран на податоци од универзитетот „Џонс Хопкинс“, тоа повеќе не важи. Откако успешно ги сведе на ниско ниво заразите во текот на летото, бројките во Европа почнаа да бележат повторно зголемување на средината на јули и достигнаа невиден рекорд до крајот на септември, кога ЕУ ги надмина САД по бројот на дневни регистрирани случаи. Од почетокот на октомври, стапката на нови инфекции во ЕУ бележи драматичен пораст, со тоа што неделниот просек на новозаразени се зголеми за повеќе од 2,5 пати меѓу 1 и 24 октомври.

Во меѓувреме, случаите на заразени почнаа да бележат нагорен тренд повторно во САД, иако не е приближно драматично како во Европа, барем не засега. Имајќи предвид дека есента само што настапи и сè повеќе активности ќе се изведуваат во затворен простор, каде што е значително поголем ризикот од ширење, вториот бран на пандемијата може да биде многу полош од првиот.