Eвакуирани 4.000 луѓе во Италија поради бомба од Втората светска војна

42

Италијанските власти евакуираа 4.000 луѓе од центарот на северниот град Болцано поради деактивирање на авионска бомба од Втората светска војна.

Бомбата е деактивирана утрово за време на тричасовна операција, по што повторно е отворен центарот на градот, како и автопатот и железничката линија што ја поврзува Италија со Австрија и Германија.

Во Втората светска војна градот Болцано претрпел 13 бомбардирања, при што загинале 200 луѓе, а 60 отсто од градот бил оштетен.