Борис Џонсон/Фото: Фејсбук

Британскиот премиер Борис Џонсон и престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман денеска се договорија да работат заедно на обезбедување стабилни енергетски пазари по воениот конфликт меѓу Русија и Украина, како и да ја зајакнат трговската, одбранбената и безбедносната соработка, соопшти кабинетот на Џонсон по неговата посета на Саудиска Арабија.

– Премиерот и престолонаследникот се согласија да работат заедно за одржување на стабилноста на енергетскиот пазар и продолжување на преминот кон обновливи извори на енергија и чиста технологија – се вели во соопштението.

Како што е наведено, британскиот премиер за време на посетата го пофали напредокот во реализацијата на стратешката рамка на Саудиска Арабија „Визија 2030“, вклучително и зајакнувањето и вработувањето на жените, но изрази загриженост за актуелните прашања во однос на почитувањето на човековите права.