Фото: Пекселс

Дел од работниците на неоперативната нуклеарна централа Чернобил денеска го напуштија објектот по повеќе од три недели, јави Би-би-си.

Вкупно 64 работници заминаа дома, а нив ги заменија 46 доброволци.

Околу 200 работници и припадници на Украинската национална гарда беа блокирани во нуклеарната централа од 24 февруари, првиот ден од војната, кога руската армија го освои Чернобил.

Би-би-си наведува дека, бидејќи руската страна не можела да ја гарантира нивната безбедност ако се обидат да ја напуштат електраната, работниците останале заробени внатре со помали залихи на храна и лекови.

По големата несреќа во 1986 година, електраната продолжи да работи до 2000 година, кога беше исклучена.