Пред почетокот на пандемијата, годишната продажба на шампањ на светско ниво падна за 16 отсто, од рекордни 5,0 милијарди евра во 2019 година на 4,2 милијарди евра во 2020 година. Франција е извозник на повеќе од половина (53,6 отсто) од вкупното производство. Лани, извозот падна за 13,3 отсто на 2,6 милијарди евра. Сепак, синдикатот на индустријата за производство на шампањ (УМЦ) верува дека иднината на овој пијалак, веројатно, е посветла отколку што се стравуваше на почетокот од пандемијата. Жан-Мари Барилер, претседателот на УМЦ, очекува дека за оваа година ќе бидат продадени 315 милиони шишиња, што претставува приход од 5,5 милијарди евра.
Велика Британија е водечки пазар за извоз на шампањ по обем, меѓутоа САД се први во извозот по вредност. Лани, САД увезоа шампањ во вредност над 501 милиони евра, додека британскиот увоз изнесуваше 338,23 милиони евра. Во 2021 година дојде до намалување на резервите по лошите временски услови, кои силно ги погодија француските лозја, поради што имаше загуби од дури една третина во приносите, што, пак, ги наруши синџирите на испорака. Според „Нилсен“, фирмата за истражување на пазарот, до ноември било регистрирано зголемување на побарувачката за шампањ во француските супермаркети.