фото: Фејсбук

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, најави дека утре ќе се распушти парламентот и ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Дачиќ истакна дека ова свикување од 3 август 2020 година до денеска донело 265 закони.

– За време на овој мандат, без разлика на приговорите и сомнежите, Собранието успеа да донесе неколку акти многу важни за иднината, а еден од нив е и промената на Уставот – рече Дачиќ на крајот од последната седница на српскиот Парламент во овој состав.

Посебно го истакна успешниот меѓупартиски дијалог, кој резултира со учество на сите партии на изборите, јави Бета.