Погледнете зад светилките и празничните украси и сетете се на сиромашните, рече римокатоличкиот поглавар, папата Франциско, на синоќешната божиќна миса во базиликата Свети Петар во Рим.

-Браќа и сестри, стоејќи пред колевката, размислуваме што ни е најважно, надвор од сите светла и украси, кои се убави. Размислуваме за детето – рече папата во проповедта на мисата на која присуствуваа над 200 кардинали, бискупи и свештеници, сите со заштитни маски, освен папата.

Оние кои не успеаја да добијат влезници за мисата, поради ковид пандемијата, ја следеа проповедта на папата на големи видео бимови.

Во своето обраќање, Франциско ги повика верниците на понизност, на откажување од алчноста и враќање кон малите, секојдневни нешта.

-Да се ​​откажеме од поплаките и алчноста кои не прават незадоволни. Бог тргнува во потрага по пастири, по невидливото, а ние го бараме видливото. Исус е роден да служи, а времето го поминуваме трчајќи за успех. Бог не бара сила и моќ, тој бара нежност и понизност – рече папата.

Тој повика и на враќање на достоинството во работата на човекот, бидејќи, како што рече, човекот е господар, а не роб на трудот.

Ова е втора Божиќна миса во ковид-пандемија.