Фото: Твитер/Џоко Видодо

Рејтингот на индонезискиот претседател Џоко Видодо достигна најниско ниво во последните шест години поради незадоволството од зголемените цени на маслото за јадење и неможноста забраната за извоз да го ограничи скокот на цените на суровините, покажа денеска објавеното истражување на јавното мислење.

Податоците објавени од агенцијата „Индочајна Политикс Индикејтор“ покажуваат дека рејтингот на претседателот на земјата паднал на 58,1 отсто во мај оваа година.

Падот доаѓа во период кога најголемата економија во Југоисточна Азија се бори да го контролира домашното производство на масло за јадење, главниот производ за домаќинство во Индонезија и по шокантната одлука да се забрани извозот на палмино масло кон крајот на минатиот месец.

Индонезија е најголемиот светски производител на палмино масло и политичката одлука ги запрепасти светските пазари.