Борис Џонсон/Фото: Фејсбук

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека ќе мора да се употребат фискални алатки за да им помогне на луѓето да се справат со зголемените животни трошоци во текот на следните месеци, споредувајќи ја задачата со поддршката што ја понуди владата за време на пандемијата на ковид-19.

– Во месеците што следат ќе треба да го направиме она што го правевме претходно, ќе ја искористиме нашата фискална моќ што ја изградивме и што ја имаме, за да си помогнеме – рече Џонсон.

– Повторно ќе ги заштитиме Британците како што правевме за време на ковид – додаде британскиот премиер.