Фото: Пиксабеј

Велика Британија најави замрзнување на имотот и забрана за патување на 386 пратеници на руската Дума кои гласаа за независност на двата региони во источна Украина.

Министерката за надворешни работи Лиз Трас го најави овој пакет санкции поради поддршката на овие пратеници за регионите Луганск и Донецк, соопшти Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

Во соопштението, Министерството за надворешни работи наведува дека новите санкции „ќе им забранат на наведените лица да патуваат во Велика Британија, да пристапуваат до имотот што го имаат во оваа земја и да прават бизнис тука“.

– Нема да се откажеме од притисокот и ќе продолжиме да ја погодуваме руската економија преку санкции. Заедно со нашите сојузници, цврсто стоиме покрај нашите украински пријатели. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина со хуманитарна помош, одбранбено оружје и дипломатска работа за меѓународна изолација на Русија – се додава во соопштението.