Фото: Твитер/Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Русија на итна деескалација на состојбата и да ги повлече силите и опремата од границите на Украина.

Блинкен во телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласи дека натамошната инвазија на Украина ќе предизвика брзи и тешки последици и ја повика Русија да тргне по дипломатски пат, соопшти Стејт департментот.

Американскиот државен секретар ја истакна подготвеноста на САД, билатерално и заедно со своите сојузници и партнери, да ја продолжат суштинската размена со Русија за меѓусебните безбедносни прашања.

Тој ја повтори посветеноста на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и правото на сите земји сами да ја одредуваат својата надворешна политика и сојузи.