Фото: /annalena-baerbock.de

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок синоќа ја обвини Русија дека го блокира извозот на жито од Украина и го користи како оружје во војната, јави ДПА.

-Русија ја води оваа војна со Украина со уште едно страшно и моќно оружје: глад и немаштија. Со блокирање на украинските пристаништа, уништување силоси, патишта и железници, Русија започна војна со жито, предизвикувајќи глобална криза со храна“ – нагласи таа на министерската средба во ОН во Њујорк.

Според Бербок, тоа се случува „кога на милиони веќе им се заканува глад, особено на Блискиот Исток и Африка“ поради ефектите од климатските промени, пандемијата на Ковид и вооружените конфликти во нивните региони.

Според германската Влада, руската армија го блокирала извозот на 20 милиони тони жито, главно наменето за земјите во Северна Африка и Азија. Најголем дел од житото е во пристаништето Одеса.

Украина е меѓу водечките светски производители на жито.