Силното невреме што ја зафати Словенија синоќа поплави над 500 згради само во Љубљана, пишува 24ur. Дежурните служби примиле преку 2.700 повици од граѓани помеѓу 20 часот и полноќ.
Поплавени се патиштата, како и подземните гаражи. Бројни автомобили се уништени.
Како што јавуваат локалните медиуми, многу дожд наврнал за краток временски период. Во Љубљана паднале 88 литри на метар квадратен, што, според објавите во тамошните медиуми, е нешто што се случува еднаш во 250 години.
Според досегашните податоци од утрово, нема повредени.