Откако минатиот викенд Филип Завадлав во Сплит уби три лица со автоматска пушка, новинари од загрепскиот „Јутарњи лист“ истражувале дали е тешко да се набави автоматска пушка „калашников“ (АК-47) на црниот пазар.

По само 50 часа од почетокот на истражувањето, новинарите во својот автомобил веќе имале АК-47, односно неговата верзија од Крагуевац, една рамка полна со куршуми и продолжение на цевката за тромблон.

– Ете, купивме автоматска пушка на црниот пазар. Поинаку тоа не можевме да го сториме, бидејќи употребата на ова оружје е забрането за граѓаните и легално не може да се купи – рекол новинарот Марио Пушиќ.

Тој објаснил дека автоматот го купиле во центарот на Карловац и за него платиле 600 евра.

– Исто како нас, ова може да го направи секој. Меѓутоа ние веднаш го предадовме оружјето во полиција, а многумина можат да го искористат за лоши работи – посочил новинарот на „Јутарњи лист“.