Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека Косово има интерес да биде признаено од Србија, но нема да дозволи да се задира во она што досега земјата го има постигнато.

Говорејќи пред студентите на Филозофскиот факултет на приштинскиот Универзитет, Харадинај рече дека дијалогот со Србија секако треба да продолжи.

– Имаме интерес за признавање од Србија и треба да преговараме, но без да се допре тоа што до сега сме го создале. Доколку се случи спротивното, тогаш се загрозува државата. Ако не знаеме да го сочуваме тоа што сме го создале, не ќе можеме да чуваме ниту нешто ново што ќе создадеме – изјави Харадинај.