Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Сараево утрово постапија по дојава за бомба во средно училиште во главниот град на Босна и Херцеговина.

-Примивме дојава за бомба во средно училиште во Сараево околу девет часот. Полицијата е на терен каде што спроведува контрадиверзионен преглед- потврдија за „Клих.ба“ од Оперативниот центар при министерството.

Поради дојавата за бомба учениците и кадарот се евакуирани.