Сојузната германска полиција информира дека 65-годишен маж осомничен за воени злосторства извршени во 90-тите години во Хрватска е уапсен на аеродромот во Франкфурт.

Полицијата соопшти дека вчера, во раните утрински часови по пристигнувањето од Белград, бил уапсен 65-годишен хрватски државјанин осомничен за четири убиства за време на војната во поранешна Југославија.

Понатаму се споменува дека 65 годишното лице било уапсено врз основа на потерница од Хрватска.

Медиумите во Србија јавуваат дека станува збор за Сава Грновиќ, кого хрватското судство го обвинува дека како припадник на т.н. специјална полиција, во ноември 1991 година, го убил четиричленото семејство Козбашиќ во Петриње.