Демонстранти со камења нападнаа конвој во кој беше и возилото на албанскиот премиер Еди Рама, во албанскиот град Либражд, во непосредна близина на македонската граница.

Според информациите, полицијата имала потешкотии да ја спречи блокадата на конвојот на Рама.

Возилото на албанскиот премиер сепак успеало да го заобиколи нејголемиот дел од насобраната толпата, користејќи споредни патишта.

Неколку демонстранти биле повредени откако биле удрени од возила од конвојот.

Инцидентот се случува во моменти кога албанскиот парламент го осуди претседателот Илир Мета за неговиот потег да ги откаже локалните избори, кои се очекуваше да се одржат на 30-ти јуни. Ова ја влоши политичката криза во земјата, каде што опозиција континуирано одржува масовни протести против социјалистичката влада.