Во склоп на дводневната посета на Србија, францускиот претседател Емануел Макрон одржа емотивен говор пред Споменикот на благодарноста на Франција на тврдината Калемегдан во Белград, пренесуваат српските медиуми.

„Еве, Франција е тука“ истакна Макрон, покажувајќи со раката на своите гради, додавајќи дека „Србија исто така е срцата на Французите, денес и засекогаш“.

Францускиот претседател се осврна и на поуките од историјата, иднината на Србија и нејзиното место до Франција и другите европски нации, како дел од Европа која ги дели истите вредности за изградба на траен мир и иднина.

Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на Макрон за посетата, за трпението да ги слушне проблемите на српскиот народ и за големата почит која ја покажал кон Србите. 

– Рековте дека Србија ви е во срцето. Побрзајте со тие длабински реформи и овој народ ќе ве помни засекогаш – истакна Вучиќ.