Албанското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), чиј основач е актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета денеска порача дека никогаш нема да биде дел од некакви пазарења за спас на Владата на премиерот Еди Рама.

– Нема и нема да има никаков договор или разговори за да продолжи агонијата на оваа Влада, која е потоната во криминал, илегална трговија и корупција и се обидува да се спаси преку манипулации. Нашата партија била и ќе биде дел од секоја средба на која тема е подобрувањето на животот на Албанците и заминувањето на кликата на Еди Рама – напиша лидерката на ЛСИ, Моника Круемади на нејзиниот профил на Фејсбук, по апелите на меѓунардоните претставици за соработка меѓу власта и опозицијата.

Круемади, кој е и сопруга на Мета, посочува дека сите напори за вклучување на ЛСИ во разговорите едноставно сe „дел од болната фантазија на Еди Рама“, кој според неа, „денес е повеќе од кога било подготвен да купи и продаде сė во име на власта“.

Таа нагласи дека на Рама треба да му биде повеќе од јасно дека за да ја спаси премиерската фотелја никогаш нема да има помош од ЛСИ.

– Ќе продолжиме да бидеме дел од обединетата опозиција, со јасна и прецизна цел, отстранување на бандитската власт на Еди Рама. Да го спасиш денес Еди Рама би значело уништување на иднината на Албанците, а овој грев опозицијата не може да го превземе на свој грб – наведува Круемади.

Идентичен став претходно, гостувајќи на тиранската телевиизја Ора њуз, изнесе и потпретседателот на ЛСИ, Петрит Васили, додека нивниот сопартиец и пратеник Шезаи Рокај смета дека на Албанија и е потребна стабилна влада на широка основа, бидејќи сегашната потрфлила во секој аспект.