Се очекува натамошен пад на демократијата на Западен Балкан. ЕУ може да направи некакво добро, но и да направи голема штета

Кон крајот на 2018 година во Белград се одржа настанот „Европската Унија и Западен Балкан во 2019 година“, на кој експертите од регионот и од Европа ги формулираа предвидувањата за годинава, како за овој дел така и за самата Европа. Овој настан, кој го организираа Европскиот фонд за Балканот, Советодавната група Балканот во Европа и порталот „Еуропиан Вестерн Балканс“, е одржан зад затворени врати. Предвидувањата формулирани при оваа пригода добро се вклопува во претставената песимистичка слика. Преку авторскиот текст на Игор Бандовиќ, виш програмски менаџер во „Европскиот фонд за Балканот“ и Никола Буразер, извршен уредник во „Еуропиан Вестерн Балканс“, весникот „Нова Македонија“ ги пренесува прогнозите за случувањата што ќе следуваат во Западен Балкан во оваа година.

Минатата година често се означува како година на надеж за Западен Балкан кога се во прашање евроатлантските интеграции. Песимизмот од периодот на брегзит и победата на Доналд Трамп е заменет со претпазлив оптимизам кон крајот на 2017 година, кога по низата порази на евроскептичните сили во Европската Унија им дадоа ветер во грбот на земјите од Западен Балкан. Меѓутоа, случувањата од 2018 година во голема мера го згаснаа оптимизмот. Проблемите внатре во самата Европска Унија, како и очигледниот недостиг од ентузијазам со проширувањето на Западен Балкан, направија прогнозите за годинава да бидат далеку помрачни од оние пред една година. Претпазливите оптимисти од почетокот на минатата година повторно го отстапија местото на песимизмот.

Годинава во ЕУ ќе биде обележана со изборот за Европскиот парламент, кој ќе се одржи кон крајот на мај. Имајќи ги предвид трендовите последните години, може да се очекува јакнење на радикалните опции во Европа, односно слабеење на големите европски партии. Поради тоа се чини поизвесно е трите најголеми политички групации – Европската народна партија (ЕПП), Социјалисти и демократи (СиД) и Либерали (АЛДЕ), ја сочинуваат новата коалиција, односно ќе ги поделат местата во идната Европска комисија. Најголемиот проблем, меѓутоа, ќе настане не меѓу политичките групации, туку меѓу ЕУ и државните-членки.

За Западен Балкан секако ќе биде важен составот на идната Европска комисија, а особено изборот на новиот комесар за проширување, кој би го наследил Јоханес Хан, функционер од конзервативната партија. Прашањето е како ќе изгледаат новиот директорат за проширување и функцијата комесар, односно дали ќе бидат споени или одвоени од соседската политика, како и дали едно од двете прашања ќе имаат примат во работата на оваа институција.

Може да се очекува дека Европската Унија оваа година, пред сѐ, ќе го набљудува Западен Балкан од безбедносни перспективи и дека проширувањето ќе падне во друг план во однос на брегзит, украинската криза и владеењето на правото внатре во самата ЕУ во регионот, веројатно ќе има значително помала улога од порано.
На Западен Балкан веројатно ќе продолжат постојните трендови, како што се пораст на авторитаризмот, масовните миграции и депопулации. Прашање е само дали падот на демократијата во државите во регионот ќе биде драстична или побавна.

Емиграцијата нема да може да се спречи, но ќе остане важен предизвик за државите од регионот за тоа како овој процес да биде искористен на најдобар начин.
Од Европската Унија не може да се очекува значајно влијание на состојбите во регионот, бидејќи процесот на проширување повеќе не им оди во полза со демократската трансформација, како и тоа што иницијативите на ЕУ во регионот претходните години главно биле неуспешни. Две големи прашања за регионот во 2019 година се однесуваат на билатералните спорови, односно имплементирање на Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и постигнување договор за сеопфатна нормализација меѓу Србија и Косово. Двата процеса претставуваат значајни прашања за целиот регион, а посебно за неговата европска перспектива.

Се очекува имплементацијата на Преспанскиот договор да помине успешно, иако има одредени стравови во двете држави. Меѓутоа, иако имплементацијата на Преспанскиот договор директно е поврзана со перспективата на членството на Македонија во ЕУ, односно отворањето на преговорите во 2019 година, се очекува дека пристапувањето на Македонија во НАТО во наредната или во 2020 година би било доста поизвесно и ќе претставува најисплатлив резултат за постигнување на спогодбата.

Песимизмот е мошне поизразен во врска со нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово. Помалку е веројатно дека во текот на мандатот на оваа Европска комисија ќе биде потпишана правнообврзувачка спогодба, што значи дека до решавање на оваа прашање нема да дојде пред 2020 година. Постои стравување дека постојната криза во односите меѓу Белград и Приштина ќе биде предизвикана за озаконување на промената на границите, што е сценарио, кое може да има различни негативни ефекти, вклучувајќи ескалација на насилството. Постојат многу прашања и недоумици кога е во прашање очекуваниот договор за сеопфатна нормализација на односите. Не е сосема јасно во каква форма би можело, односно дали би морал да биде следен со референдум во Србија и во Косово, како и дали би бил во прашање конечен договор, или само уште еден чекор во преговорите, кои би се продолжиле потоа. Со оглед дека целта е сеопфатната нормализација на отворањето на патот на Србија и на Косово кон членство во ЕУ, јасно е на кој начин би биле осигурени членството на Косово во ОН и признавањето на преостанатите пет држави-членки на Унијата, бидејќи некои членки на ЕУ и Советот за национална безбедност на ОН имаат сопствени причини за непризнавање на косовската независност.

Двете општества се соочуваат со поларизација во односите на прашањето за нормализација, а рушењето на демократските стандарди, посебно во областа на изборите, сериозно ги доведува во прашање легитимноста на Владата и процесот кон кој одат. Може да се очекува политичка нестабилност во двете општества, а особено на Косово каде што е очигледна слабост на моменталната влада и каде што се изгледни вонредни избори.