Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот во Брисел со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која посредува во дијалогот помеѓу Белград и Приштина и косовскиот претседател Хашим Тачи, изјави дека дијалогот ќе продолжи кога Приштина ќе ги повлече противправните мерки.

-Тешки денови се пред нашиот народ. Изминатите денови, добивме одлуки од властите во Приштина, во кои тие противправно со ЦЕФТА договорот зголемуваат за 10 отсто данок на стоки од централна Србија. Никој особено за ова не се возбуди во Европа. Тие зборуваат за формирање на косовска војска што е против бриселскиот договор. Се обидуваат да ја исфрлат Србија од северно Косово и тоа противправно. Не сакаат да ја слушнат нашата одлука “, изјави Вучиќ за РТС.

Тој рече дека ако сакаат да направат „енергетски хаос” на Косово, ќе добијат остар одговор од Србија.

-Она што се случува утре, Европејците се обидуваат да ја исфрлат Србија од енергетската мрежа во северно Косово, а она што го прават во Интерпол ни куче со путер не би го јадело. Дијалогот ќе продолжи кога Приштина ќе ги повлече своите незаконски одлуки. Колку можеме, се бориме, но нашите шанси се мали “, рече Вучиќ.

-Во нацртот на предлогот на енегетскиот договор договорено е во рамките на Заедницата на српски општини да се формираат две мешовити компании на северно Косово за пренос на струја до косовскиот оператор во Приштина. Бидејќи ЗСО не е формирана, по нивна вина, тие и тоа сега сакаат да ни го грабнат. Сакаа да ни го грабнат правото да транспортираме струја, на еден далекувод кон Македонија, два кон Албанија и три кон Црна Гора, рече Вучиќ.

-Оваа одлука до понеделник треба да се донесе и досега против нас ваква одлука донесоа Германија, Франција, Италија, Швајцарија, Луксембург, Холандија и Хрватска, изјави Вучиќ, додавајќи дека Електростопанството на Србија и самата држава нема да ги спроведува нивните одлуки и ќе се жали секаде каде може.

Вучиќ во врска со намерата на Приштина да формира косовска армија и еден полк да упати на северно Косово порача дека -такво нешто нема да се случи.

-Реков дека сум многу загрижен за тоа и реков дека тоа нема да се случи. Тоа е сè што можам да им го кажам на сите. Па, нека некои луѓе во Европа и сите други малку размислат што е договорено со Бриселскиот договор, што е тоа што е договорено со НАТО и зошто ова  негого му е неопходно денес и кој тоа сака да предизвика конфликти, рече Вучиќ по бриселскиот состанок.